Почетна » Млади

Архива на објави: Млади

„Младински банки“ – студиска посета на Сараево, Босна и Херцеговина

BosnaВо најновиот број на е билтенот кој невладината организација Младински Сојуз – Крушево го издава можете да прочитате за посетата на претставникот на општина Крушево Сотир Габелоски на студиската посета на Сараево, Босна и Херцеговина – проект „Младинска банка“.

Во прилог можете да го погледнете изданието на Младински Сојуз во кое се наоѓа и написот за посетата во Сарајево.

annual Report (8)

Фотографија: Филип Иванов

Share

Општина Крушево донира опрема за ФК „Питу Гули“

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес(15.05.2018) на претставници од управата на клубот „Питу Гули“ додели опрема за членовите на фудбалскиот клуб. Опремата се состои во копачки, шушкавни тренерки, штуцни и копачки за првотимците.

Градоначалникот Христоски потенцира дека спортот во Крушево мора да се поддржува и мора да се развива.

„Мора да ги поддржуваме младите ентузијасти и во рамки на нашите можности да го развиваме спортот. Дониравме опрема за играчите и ќе продолжиме да ги поддржуваме и другите клубови од другите спортови во Крушево.“, истакна градоначалникот на општина Крушево.

Share

Крушево будно 2018 – 20 и 21 јули

Крушево будно 2018Оваа година музичкиот фестивал „Крушево будно“ во организација на Локалниот младински совет ќе се одржи на 20-ти и 21-ви јули, а ќе настапуваат познати македонски музички имиња.

Од Младинскиот совет засега не ги откриваат деталите околу настанот, но нивната главна цел е во овие два дена младите да покажат дека поделеноста меѓу нив не постои.

За подетални информации на следниот линк.

Share

„Џифони патува во Крушево“ – едукација и дружење за младите

На денешниот втор ден од фестивалот „Џифони патува во Крушево“ присуствуваше и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој го изрази своето задоволство од организацијата на овој настан во Крушево и тоа што вклучува млади.

На учесниците им порача да ги користат ваквите настани за да научат нешто, да се дружат и постојано да се вклучуваат во вакви и слични настани.

„Ви посакувам да се дружите и да научите нешто повеќе, а на организаторите сакам да им порачам повторно да дојдат во Крушево и да организираме уште еден ваков настан.“, порача градоначалникот Христоски во своето обраќање пред учениците од основното и средното училиште од Крушево.

Настанот се одржува во домот на култура „Наум Наумовски Борче“, а дел од „Џифони патува во Крушево„ се гледање филмови, дикусија, работа во креативни работилници за актерство, музика, пишување и слично. Овој настан за прв пат се одржува во Крушево и истиот е поддржан од општина Крушево и СОУ „Наум Наумовски Борче“

Share

Тендер за реконструкција на „горното“ училиште

Old School BuildingОпштина Крушево објавува отворена постапка за избор на изведувач за реконструкција на горната училишна зграда „Никола Карев“.

Во продолжение можете да ја погледнете тендерската документација:

2-Тендерска документација Отворена Постапка реконструкција Горно школо

Претходно, општина Крушево преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој обезбеди 18 милиони денари за целосна реконструкција на горната училишна зграда.

Share

Четврток, отворен ден на Младински совет Крушево

lms 2

Во четврток (10-ти мај) во Домот на култура „Наум Наумовски Борче“ Локалниот младински совет од Крушево со почеток во 13:30 часот организира отворен ден на кој се покануваат сите млади од општината.

Главната причина за овој настан според тимот на ЛМС е потребата да се разговара за младинските прашања,  размена на идеи и мислења и тие да бидат пренесени на носителите на одлуки.

Повеќе детали за настанот на следниот линк.

Share

Васе Богоеска ќе учествува на Балканското првенство во Босна и Херцеговина

Васе Богоеска ќе биде дел од македонската репрезентација на Балканското првенство во Зеница, Босна и Херцеговина, наредниот месец, откако на турнирот во Ниш, Србија, го освои третото место

Дополнително, на Државното младинско првенство кое се одржа минатиот викенд (06.05.2018) во крива Паланка заедно со Благица Ристеска го освоија третото место.

Пинг понгарскиот клуб Крушево ја продолжува генерацијата на успешни играчи и по пауза од неколку години се враќа на меѓународниот терен со учеството на Балканското првенство оваа година.

Share

Бесплатна обука и лиценца за приватно обезбедување за невработените

privatno-obezbeduvane3Агенцијата за вработување распишува јавен повик за бесплатна обука и стекнување лиценца за обезбедување за невработени лица кои имаат завршено најмалку средно образование.

Сите заинтересирани можат да се пријават во Центарот за вработување во Крушево, а целиот оглас можат да го прочитаат на следниот линк.

Share

„Гаранција за млади“ и можност за привремено вработување

Mladi

Министерството за труд и социјална политика преку проектот „Гаранција за млади“ во период од 4 месеци ќе овозможи квалитетна понуда на сите невработени млади до 29 години.

Доколку сте невработен и не сте студент на следниов линк можете да се пријавите и веднаш да бидете внесени во базата на Агенцијата за вработување и да добиете шанса за привремено вработување.

Покрај МТСП дел од овој проект се и Агенцијата за вработување и Националниот младински совет на Македонија, а финансиски е поддржан од Амбасадата на Швајцарија.

Share

Одбележување на патрониот празник на ОУ „Никола Карев“

Пред споменикот на Никола Карев на „Гумење, денес (26.04.2018) се одржа скромна манифестација за одбележување на патрониот празник на основното училиште „Никола Карев“, Крушево.

Дел од манифестацијата беа учениците од ОУ „Никола Карев“ во Крушево и подрачното училиште во Борино, а музичките, литературните и ритмичките точки се изведуваа на повеќе јазици – македонски, влашки и албански.

Гости на манифестацијата беа Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски, заедно со претставници од локалната администрација, советниците од Советот на Општина Крушево Тома Петроски и Евгенија Петроска, семејството Кареви и други.

Share