Образовни Институции

Образование и образовни институции
Во Општина Крушево има две основни училишта и едно средно училишта во кои годишно се образуваат околу 800 ученици. Потреба од проширување на образовните капацитети постои во насока на високото образование.

За предучилишно образование постои и работи една организациона единица на предучилишната установа „Гонча Туфа“. Бројот на деца и капацитет се објавени во документот подолу, а просториите во кои престојуваат се естетски уредени, адекватни и одговараат на педагошките барања и норми.

Во општината постои и еден Дневен центар за деца и младинци со посебни потреби во кој што се згрижени 15 деца, а вкупно во Крушево во семејства се згрижени 37 деца и младинци.

Училиштата главно не се современо опремени, но реконструкциите на училиштата во Крушево, с. Борино и најавата за реновирање на уште неколку училишта во населените места ќе ги подобри условите за образование и воспитување и ќе ги модернизира институциите.

СОУ ,,Наум Наумовски – Борче,, Крушево

http://www.nnb.edu.mk/

ОУ ,,Никола Карев,, Крушево

ОУ ,,Кирил и Методиј,, с.Бучин