Сообраќајна инфраструктура
Градот Крушево од двата аеродроми е оддалечен:
– 160 км. од скопскиот аеродром и
– 120 км.од охридскиот аеродром.
Енергетска инфраструктура
Општина Крушево воглавно како енергенс ја користи електричната енергија. Преносната мрежа е составена од три далноводи Кичево – Демир Хисар – Крушево, Битола – Демир Хисар – Крушево и Битола – Тополчани – Крушево. Трансвомацијата од 110 KV на помали напони го овозможува главна трафостаница ТС 110/35/10 KV во Крушево. За затоплување се користи високо квалитетно дабово и буково дрво од шумското богатство кое го има Општина Крушево.
Општина Крушево изработи проект за гасификација и тековно работи на целосно имплементирање на овој проект. Најпрво преку гасификација на поголемите објекти како здравство, образование, институции, хотели и др.
Телекомуникациска инфраструктура
Водостопанство и водни ресурси
Градот Крушево се снабдува со вода за пиење од Регионалниот водоснабдителен систем Студенчица додека недостигот го надополнува од сопствени каптажи од Бушова Планина. Во текот на летниот период има недостиг на вода и затоа општината започна со реализација на проектот ,,Испитување и ископување на нови бунари на месноста Бела Вода. Во сите населените места имаат изградено водоводни мрежи кои се снабдуваат со вода за пиење од сопствени каптажи, Регионалниот водовод Студенчица и Локалниот водовод Бучин. Територијата на општина Крушево се карактеризира со слаба хидрографска мрежа. Најзначаен водотек претставува реката Црна, која влегува на територијата на општината над селото Бучин, ги собира површинските и ги дренира подземните води. Главни притоки на реката Црна се реките Жаба, Журешница и Селишка река, кои извираат од Крушевската планина. Водостојот на реките е најголем при врнежите и топењето на снеговите, кога тие и се претвораат во порои.
Почнувајќи од 2020-та година општина Крушево работи на зафаќање на нови извори од Бушева планина како и од с. Сланско, Македонски Брод со што се очекува целосно надминување на проблемите со вода, особено во летните периоди.
Комунална инфраструктура
Градот Крушево има изградено канализациона мрежа, сите отпадни води се вливаат во речното корито на Крушевска река без претходно прочистување. Во населените места започнаа изградби на канализациска мрежа, надградба на водоводи и изградба на патишта. Неколку проекти колку за илустрација:
- Изградба на фекална канализација, прва фаза, во с. Норово
- Доградба на цевковод во с. Саждево
- Изградба на резервоари за вода во населените места Белушино и Борино
- Во тек е реконструкција на каптажи и изградба на резервоар во с. Јакреново, и др.