Томе Христоски е роден на 1-ви април 1982 година во Крушево.
Основно образование завршува во ОУ „Никола Карев“ Крушево, а потоа се здобива со средно полициско образование во ЦОКОБ, Елисие Поповски Марко во Скопје.
Во 2001 година се вработува како полицаец во Полициската станица во Крушево.
Томе Христоски дипломира во 2008 година, а 7 години подоцна магистрира на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси и се здобива со звање Магистер по менаџмент на човечки ресурси.
Во меѓувреме Христоски е унапредуван на работното место во Инспектор во криминалистичка техника во надворешна канцеларија за криминалистичка полиција Прилеп за увиди на место на настан во подрачјето на општина Крушево.
Во текот на своето работење се стекнува со повеќе дипломи, признанија и сертификати како: Диплома за завршени курсеви за компјутери и компјутерски ситеми во МВР; Сертификат издаден од ОБСЕ и МВР за заштита на децата во сообраќајот; Сертификат за доверливост и крипто заштита.
Томе Христоски е сопруг на Спасика Христоска и татко на две деца, Илија и Сандра.
Контакт: Tomce_12@yahoo.com
tome.hristoski@krusevo.gov.mk