Бесплатна телефонска линија 193
Територијална противпожарна единица тел. 048/477-045
Територијалната противпожарна единица на општината ги врши следните работи:
– гаснење на пожари на подрачјето на Општината;
– отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар;
– спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии;
– укажување техничка помош при незгоди и опасни ситуации;
– извршување на други работи при несреќи и непогоди;
– врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа, кои не го оневозможуваат или попречуваат вршењето на функцијата од претходните алинеи на овој став;
– заедно со територијалните противпожарни единици на општините во РМ утврдени со закон, дејствуваат како противпожарни единици на Република Македонија заради оперативно делување при гаснењето големи пожари на целата територија на Република Македонија;
– давање помош кога тоа е побарано при гаснење пожари во други држави;
– водење посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствена методологија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување и Општината Крушево за тоа;
– периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага Територијалната противпожарна единица;
– тековна поправка и одржување на механиката;
– давање противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации, во координација со Министерството за внатрешни работи;
– врши обука од областа на противпожарната заштита на припадници на АРМ;
– едукација на граѓаните за заштита од пожари, преку организација на предавања, преку медиуми и организирање на други активности;
– врши и други работи што ќе му бидат доверени.