Одделение за инспекциски надзор – инспекторат тел. 048/477-076
Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат ги врши работите што се однесуваат на:
– инспекциски надзор над вршењето на работите од надлежност на Општината, врз основа и во согласност со закон и координација на својата работа со другите одделенија во рамките на општинската администрација и други дејности од надлежност на општината;
– инспекциски надзор над примената на одредбите на законите и прописите кои се однесуваат на урбанизамот и просторното планирање, заштита на животната средина, комуналната хигиена, патниот сообраќај, над утврдувањето и наплатата на даноците на имот, туризмот и угостителството,образованието и спортот и други области од надлежност на општината;
– надзор на јавните претпријатија основани од Општината над физички и правни лица на кој Општината им дала дозвола за вршење на комунална дејност;
– вршење увид на лице место и изготвување записници;
– донесување решенија во управна постапка за извршен надзор;
– поднесување пријави до надлежните државни органи;
– следење на проблематиката од областите на надлежност на Општината;
– вршење на анализа на состојбата, доставува извештаи и дава иницијативи и предлози за нивно решавање и
– и други работи согласно законите и другите прописи.