Восхитувачки концерт на Влатко Груевски и Андреј Наунов, посветен на Тоше и неговите школски другарки
Синоќа, 08.08.2022г., пред полната „летна сцена“ концерт одржа Влатко Груевски – тенор и уметничкиот соработник Андреј Наунов. Влатко концертот го посвети на Тоше Проески и две негови школски другарки кои препрано починаа.
Вечерва ќе се одржи монодрамата „Женска утопија“ на Димитрина Мицкоска, според драмите на Јордан Плевнеш. „Женска утопија“ се базира врз репликите на сите женски ликови од драмите на Јордан Плевнеш. Земeни се реплики од скоро сите драми.
Монодрамата ќе се одржи на „летна сцена“ со почеток во 20:30 часот.