Вечерва концерт на Влатко Груевски „10 години со вас“, во тек е изложба на Зоран Кардула

Вечерва на програмата на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ концерт ќе одржи Влатко Груевски со својот соработник Андреј Наунов.

За Влатко Груевски – тенор оваа 2022-ра година е 10-та јубилејна и концертот во Крушево е насловен „10 години со вас“. Настанот ќе се одржи на „Летна сцена“, музеј на НОБ, со почеток во 21 часот.

Синоќа се одржа фестивалот за деца „Весели ѕвончиња“, а во тек е изложба на Зоран Кардула – Star Wars & Makedonium Exhibition која беше отворена на 4-ти август.

Последните два дена од Манифестацијата содржат изведба на монодрама „Женска утопија“, на 9-ти август од 20:30 на „Летна сцена“ и на затворањето ќе настапат Дац и Александар