Кино „внатре-надвор“ на задоволство на младите
Учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ можат да уживаат во она што сами го постигнале. Нивната иницијатива за опремување на т.н. „ин енд аут„ (in & out) кино се имплементира во крушевското средно училиште. Целосно опремена е една училница, чија намена е исклучиво за внатрешниот дел од киното, а исто така подготвен е просторот на отворено.
Киното содржи опрема за емитување на филмови, заедно со „лејзи без“ за седење, перници за употреба во надворешниот дел од киното и уредена просторија со соодветни бои и затемнување.
Оспособувањето на ова кино се имплементира во рамки на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ со финансиска поддршка на Амабасада на Кралство Холандија и општина Крушево. Во подготовката на иницијативата и нејзина имплементација учествуваа неформална група од „Наум Наумовски Борче“ и организацијата Младински Сојуз Крушево.