Со 500 посетители отворена изложбата на Зоран Кардула, вечерва влашка програма
Синоќа на 4-от ден од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ беше отворена изложба на Зоран Кардула на која присуствуваа повеќе од 500 луѓе. Настанот продолжи со ди џеј перформанс на Томи Бојаџи.
Изложбата на Зоран Кардула ќе биде отворена 20 дена, а истата е инспирирана од познатиот филмски серијал „Стар ворс“ (Star Wars) и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден. Изложбата ја отвори професорот од Филолошкиот факултет Блаже Конески Владимир Мартиновски.
Денес на програмата на „Десет дена Крушевска Република“ е влашката вечер која ќе се одржи на летната сцена во 21 часот.