Изложба и ди џеј сет, вчера проекција на „Хомо“
Зоран Кардула и изложбата инспирирана од серијалот „Стар Ворс“ (Star Wars) и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден ќе ја исполнат денешната програма во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“.
Во присуство на голем број гости вчера, во рамки на 3-от ден од „Десет дена Крушевска Република“, се емитуваше филмот „Хомо“. Филмот се проектираше на „летната сцена“ позади Музејот на НОБ, а се работи за македонска продукција која доби награда за најдобар игран филм на меѓународен натпревар во Англија.
Денес на програмата е изложба на Зоран Кардула со ди џеј сет на Томи Бојаџи. Почетокот е закажан за 20 часот, а локацијата е споменикот Илинден.