Саем за производители и туризам во сабота во Крушево, уште два настани викендот

Саемот за производители и туризам ќе започне во 10 часот во сабота(20.08.2022г.) во спортската сала Војвода Ѓорѓи Стојанов, а бизнис форумот ќе се одржи ден потоа во горната училишна зграда со почеток во 11 часот.

На саемот ќе учествуваат околу 20 компании од Северна Македонија и Балканот и истиот ќе биде отворен до 17 часот. Веќе во недела, 21.08.2022г., ќе се одржи бизнис форум на кој ќе се претстават компаниите учесници. Форумот ќе биде отворен за посетители до 15:30 часот.

Викендот што претстои ќе се одржат уште неколку настани. на 19-ти август ќе започне ФИС ролер ски купот „Тоше Проески“, а на 20-ти и 21-ви ќе се одржи фестивалот на отворено Крушево низ корија.

Саемот и бизнис форумот се организираат од маркетинг агенцијата Еуростеп и општина Крушево во соработка со компаниите учеснички.