ФИС ролер ски куп „Тоше Проески“ по 6-ти пат во Крушево
Крушево ќе биде домаќин на 6-тото издание на „ФИС ролер ски купот Тоше Проески“ од 19 до 21 август. Се работи за меѓународен настан во организација на Клубот за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик ски“.
Настанот го носи името на Тоше Проески и затоа со полагање на цвеќе, на 19.08.2022г. во 18:45 часот, ќе се оддаде почит на пејачот со потекло од Крушево, а настанот ќе биде официјално отворен во 19 часот пред спомен куќата „Тодор Проески“.
На настанот ќе присуствуваат Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како претставник на институцијата покровител на настанот, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски и претседателот на Скијачката федерација Дејан Пановски.
Првиот тренинг во рамки на Купот ќе се одржи во четврток, 18.08.2022г. во 15 часот.
Трките ќе се одржат во сабота и недела во 9 часот на патот Кривогаштани – Крушево, а доделувањето на наградите во недела во 13 часот на градскиот плоштад „Никола Мартиноски“.