Вечерва затворање на „Десет дена Крушевска Република“ со Дац & Александар, 9-от ден исполнет со монодрамата „Женска утопија“
„Женска утопија“ – монодрама во изведба на Димитрина Мицкоска синоќа беше претставена во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“. Монодрамата се одржа во салата за театар и кино во горната училишна зграда, а истата е направена според драмите на Јордан Плевнеш.
Вечерва следи затворањето на Манифестацијата во 20:30 часот со спуштање на бајракот и настап на Дац & Александар пред споменикот Илинден.