НЕДЕЛЕН ИНФОРМАТОР (31.12.2018-07.01.2019)
Во периодот од 31.12 2018 година до 07.01.2019 година локалната самоуправра ги реализираше следните активности.
31.12.2018
- Новогодишен базар
Во градскиот парк во Крушево се одржа Новогодишен базар во организација на локалната самоуправа, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“, а во соработка со невладината организација „Крушевска жена“ и неколку индивидуални ракотворци од Крушево.
На базарот беа претставени традиционалните крушевски изработки во делот на храна, новогодишни божиќни придружни производи, изработки на учениците од средното и основното училиште и друго, а базарот имаше и хуманитерен карактер преку доделување на книгата „Гуш и бац“ на Зоран Кардула. Граѓаните можеа да земат копија од книгата и притоа во посебна кутија да остават пари кои ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
2. Новогодишна честитка на градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски
Преку новогодишната порака градоначалникот Христоски се осврна на 2018 година и на што поконкретно работеше општина Крушево и најави нови проекти за 2019 година. Исто така, градоначалникот на општина Крушево ја честита Новата година и посака убави желби за граѓаните на општината.
3. Настап на Александра Јанева на градскиот плоштад
Насобраните граѓани на Крушево заедно со Александра Јанева на градскиот плоштад „Никола Мартиновски“ ја дочекаа Новата 2019 година.
03.01.2019
- ЈП „Комуна“ на терен во чистење на снегот
„Комуна“ во текот на цела ноќ беше на терен и работеше на расчистување на снегот на улиците во град Крушево.
2. Објавен јавен повик за учество на меѓународен саем
Локалната самоуправа објави јавен повик во кој ги повикува сите угостители и туристички работници да учествуваат со свој промотивен материјал на меѓународниот саем за туризам во Белград, Србија.
3. Во 2019 година повеќе средства за зимско одржување на улиците
За 2019 година се одделуваат повеќе од 60 отсто средства во споредба со 2018 година за зимско одржување на улиците. Дополнително, во 2018 година Советот на општина Крушево ги прошири дејностите на ЈП „Комуна“ со што сега претпријатието самостојно ја извршува надлежноста зимско одржување на улиците.
04.01.2019
- Исчистени се патиштата до сите села
ЈП „Комуна“ во текот на денот работеше на терен и беа оспособени сите патишта до населените места.
05.01.2019
- За Божиќ Крушево исполнето со туристи
За продолжениот викенд пред големиот Христијански празник Божиќ повеќе од 80 отсто од сместувачките капацитети во Крушево се исполнети, скијачките терени подготвени, а ЈП „Комуна“ продолжува со работа на терен.
06.01.2019
- Пробиен и оспособен патот до манастирот Св. Преображение
07.01.2019
- Божиќна честитка на градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски