Јавен повик до угостителите од Крушево за учество на меѓународен саем за туризам
Почитувани угостители и туристички работници,
Општина Крушево во 2019 година во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а како дел од Проектот локална и регионална конкурентност (ИПА 2 програма на ЕУ) ќе учествува на два меѓународни саеми за туризам во Белград, Србија, и Софија, Бугарија.
Првиот саем на кој општина Крушево ќе ги промовира туристичките потенцијали ќе се случува од 21-ви февруари 2019 година во Белград. Локалната самоуправа работи на изработка на нов промотивен материјал, но со цел да се придонесе кон целосна туристичка понуда и промоција на Крушево сите ресторани, пицерии, кафулиња, ноќни клубови, хотели и издавачи на соби можат со свој промотивен материјал да бидат дел од саемот.
Сите заинтересирани угостители можат да достават промотивен материјал до локалната самоуправа и истиот да биде изложен на штандот на општина Крушево на саемот во Србија на 21-ви февруари.
За подетални информации:
Email: opstinakrusevo@krusevo.gov.mk
Тел: 075 252 133