Божиќна честитка на градоначалникот Томе Христоски
По повод големиот христијански празник Божиќ градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на сите православни Христијани го честита празникот и посакува здравје, мир и бериќет за секој.
„На моите сограѓани од православно христијанска вероисповест им го честитам Божиќ и посакувам истиот да го дочекаат во топла фамилијарна атмосфера. Нека овој празник Ви донесе здравје, среќа, бериќет, меѓусебно разбирање и мир. Овој и многу други празници служат за да создадат позитивна атмосфера меѓу нас, толеранција и помагање еден на друг. Христос се роди!“, порача градоначалникот Христоски.