Викендов Крушево преполно, службите продолжуваат со работа на терен
Повеќе од 80 отсто од сместувачките капацитети овој викенд се исполнети, а голема посетеност забележува жичарницата и скјачките терени на месноста „Станич“.
Во меѓувреме, службите на јавното комунално претпријатие „Комуна“ се на терен и работат на локации во Крушево каде што е потребно чистење на снегот и овозможување проодност на улиците.
Подолу можете да погледнете неколку фотографии од градот, скијачките терени и работата на терен.