ЈАВЕН ОГЛАС бр. 2 за издавање во закуп на урбана опрема – 5 (пет) киосци поставени на КП бр. 4111/1 КО Крушево, м.в. Гумење, по пат на јавно наддавање

Врз основа на член 50 став 1 точки 15 и 16 од Законот за локалната самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 5/02 и „Сл. весник на РСМ “ бр. 202/24,) член 62 став 1 точка 15 и 16 од Статутот на Општина Крушево („Службен гласник на Општина Крушево“ бр. 01/07, 16/14, 7/19, 7/20 и 6/25 ) и точка 4 од Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Крушево за 2026 година бр. 08-1219/9 од 03.12.2025година,  Градоначалникот на Општина Крушево објавува ЈАВЕН ОГЛАС бр. 2 за издавање во закуп на урбана опрема – 5 (пет) киосци поставени на КП бр. 4111/1 КО Крушево, м.в. Гумење по пат на јавно наддавање.

Предмет на Јавното наддавање согласно Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Крушево за 2026 година, урбаната опрема – 5 (пет) киосци поставени на КП бр. 4111/1 КО Крушево, м.в. Гумење, се сопственост на Општина Крушево.

Киосците поставени на м.в Гумење претставуваат урбана опрема наменета за продажба на: сувенири ,весници, цвеќиња, сладолед.

Согласно Програмата, киосците се издаваат во закуп за период од 5 (пет) години, сметано од денот на склучување на договорот.

Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани  физички и правни лица регистрирани за вршење на соодветна дејност во соодветен регистар согласно закон, кои ги исполнуваат условите во објавата.

Договор за закуп ќе се склучи со најповолниот понудувач, кој понудил највисока конечна цена и ќе достави банкараска гаранција.

Договорен орган е Општина Крушево, со седиште на адреса Никола Ѓурковиќ 16 А, електронска пошта:  opstinakrusevo@krusevo.gov.mk и web: www.krusevo.gov.mk.

Лице за контакт кај договорниот орган е Наташа Папакоча, e-mail ntaleska@gmail.com.

Сите подетални податоци ќе ги најдете во Јавниот оглас во прилог:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 2 за издавање во закуп на урбана опрема – 5 (пет) киосци поставени на КП бр. 4111/1 КО Крушево, м.в. Гумење, по пат на јавно наддавање

Образец на понуда – 08.06.2026

Скица