Обука за добро владеење

📅 11–12 јуни 2026
📍 Хотел и ресторан Real Scampis,Елбасан

Невладината организација Tjetër Vizion, во соработка со општина Елбасан, општина Крушево и Центар за одржлив развој АЛКА, организира дводневна обука на тема „Добро владеење“.

Активноста се реализира во рамките на проектот „Крушево и Елбасан, патување во природата и авантурата“, финансиран од Европската Унија преку ИПА III Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија.

Обуката ќе ги обедини претставниците на седумте општини од регионот Елбасан и претставници од општините во регионот Пелагонија. Учесниците ќе се запознаат со принципите и практиките на доброто владеење, со посебен фокус на транспарентно донесување одлуки, отчетност, учество на граѓаните и одржлив локален развој.

Преку размена на знаења и регионална соработка, обуката има цел да ги зајакне капацитетите на локалните власти и да придонесе кон поефикасни јавни услуги и подобар квалитет на живот за заедниците од двете страни на границата.

Во прилог Агендата за настанот (Агенда