СООПШТЕНИЕ за организирање на јавен увид

Врз основа на член 22 став (1) точка 1 и член 50 став (1) точка 4 и 5 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02 и 84/20) и („Службен весник на РСМ“ бр. 202/24) и член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24,  40/25, 101/25 и 127/25) како и донесената Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2024 година бр. 08-64/8 од 18.01.2024 година, Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2025 година, бр. 08-1077/12 од 29.11.2024 година и Измена и дополнување на програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2025 година бр. 08-912/12 од 05.08.2025 година, донесени од Советот на општина Крушево, Градоначалникот на општина Крушево објавува:

Соопштение за организирање на јавен увид за Предлог Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е 1.6 – градби за пречистување отпадни води „Пречистителна станица за викенд зона” и дел од канализациона мрежа КО Крушево вон град, м.в. Гумења, општина Крушево

 Се организира јавен увид за предлог Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е 1.6 – градби за пречистување отпадни води „Пречистителна станица за викенд зона” и дел од канализациона мрежа КО Крушево вон град, м.в. Гумења, општина Крушево.  

Проектниот опфат се наоѓа на територијата на Општината Крушево, во КО Крушево вон град, во непосредна близина на излетничката населба, м.в. Гумења. Планскиот опфат ги опфаќа дел од КП 2098, дел од КП 2100 КО Крушево вон град. Согласно границите, вкупната површина на проектниот опфат изнесува: 1.061 ха.

Јавниот увид се организира со излагање на планот во Центарот за информирање на граѓаните на Општина Крушево и во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, а ќе трае 15 денови, почнувајќи од 09.12.2025 година до 24.12.2025 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам, а ќе биде објавена и на веб страната на општината www.krusevo.gov.mk.

Предлог Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за намена Е 1.6 – градби за пречистување отпадни води „Пречистителна станица за викенд зона” и дел од канализациона мрежа КО Крушево вон град, м.в. Гумења, општина Крушево, во печатена форма ќе биде истакнат во просториите на Центарот за информирање на граѓаните на општина Крушево и Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево.

Сите заинтересирани субјекти, физички и правни лица во предвидениот рок, на анкетни листови ќе можат да ги достават своите забелешки, мислења и предлози по предлогот на планот. Анкетните листови можат да се подигнат во соба број 23 секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.

Општина Крушево

Градоначалник,

Нико Чонески

Соопштение

Анкетен лист

Урбанистичко решение