Покана за 3-та седница на Советот на Општина Крушево

Врз основа на член 39 и 47 став 5 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002 и ,,Сл.весник на РСМ‘‘ бр.202/2024) и член 33, 34, 35, 36 и 38 од Статутот на Општина Крушево („Сл.гласник на Општина Крушево“ бр.1/07, 16/14, 7/19, 7/20 и 6/25), донесувам:

Решение за свикување на 3-та седница на Советот на Општина Крушево

СВИКУВАМ 3-та седница на Советот на Општина Крушево на ден 03.12.2025 година (среда) со почеток во 11,00 часот со следниот предлог:

            -Разгледување и усвојување на записникот од Конститутивната седница на Советот на Општина Крушево, одржана на 12.11.2025 година.

Д  Н  Е  В  Е  Н   Р  Е  Д

            1. Предлог-Одлука за проширување на Буџетот на Општина Крушево за 2025 година;

            2. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Крушево за 2025 година;

            3. Предлог-Заклучок за усвојување на извештајот за финансиското работење на ЈП„Комуна„ Крушево за периодот 01.01.2025 до 30.09.2025 година;

            4. Предлог-Програма за зимско одржување на улици и општински патишта во Општина Крушево со оперативен план за сезона 2025-2026 година.

            5. Предлог-Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Крушево за 2026 година;

            6. Предлог-Програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Крушево за 2026 година;

            7. Предлог-Програма за заштита од штетно дејство на водите за 2026 година;

            8. Предлог-Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Крушево за 2026 година;

            9. Предлог-Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2026 година;

            10. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Крушево за 2026 година.

            11.  Барања.

            Седницата ќе се одржи во Кабинетот на Градоначалникот на Општина Крушево.

Совет на Општина Крушево

Претседател,

Ќемаљ Абазоски, с.р.