Соопштение за организирање на јавен увид
Врз основа на член 22 став (1) точка 1 и член 50 став (1) точка 4 и 5 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02 и 84/20) и („Службен весник на РСМ“ бр. 202/24) и член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25) како и донесената Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2024 година бр. 08-64/8 од 18.01.2024 година, Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2025 година, бр. 08-1077/12 од 29.11.2024 година и Измена и дополнување на програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2025 година бр. 08-912/12 од 05.08.2025 година, донесени од Советот на општина Крушево, Градоначалникот на општина Крушево објавува:
С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавен увид за Предлог Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е 1.5 – резервоари и доводи на вода и водоводни мрежи – доводни граватациони и пумпни цевководи КО Крушево вон град, општина Крушево
Се организира јавен увид за предлог Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е 1.5 – резервоари и доводи на вода и водоводни мрежи – доводни граватациони и пумпни цевководи КО Крушево вон град, општина Крушево.
Проектниот опфат кој е предмет на уредување со Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, во поголемиот дел се наоѓа во опфатот на Урбанистичкиот план вон населено место за скијачки центар м.в. Станич, Општина Крушево, а во делот на резервоарот не бил предмет на планирање и уредување во минатото и како таков е опфатен со Просторниот план на Република Македонија. Согласно границите, вкупната површина на проектниот опфат изнесува: 0.55 ха.
Јавниот увид се организира со излагање на планот во Центарот за информирање на граѓаните на Општина Крушево и во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, а ќе трае 15 денови, почнувајќи од 09.12.2025 година до 24.12.2025 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам, а ќе биде објавена и на веб страната на општината www.krusevo.gov.mk.
Предлог Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е 1.5 – резервоари и доводи на вода и водоводни мрежи – доводни граватациони и пумпни цевководи КО Крушево вон град, општина Крушево, во печатена форма ќе биде истакнат во просториите на Центарот за информирање на граѓаните на општина Крушево и Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево.
Сите заинтересирани субјекти, физички и правни лица во предвидениот рок, на анкетни листови ќе можат да ги достават своите забелешки, мислења и предлози по предлогот на планот. Анкетните листови можат да се подигнат во соба број 23 секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
Општина Крушево
Градоначалник,
Нико Чонески
