Голема посетеност на хуманитарниот концерт во чест на Тоше, присуствуваа дел од советниците

Се одржа настанот „Детска насмевка за овој свет“ во чест на Тоше, а дел од истиот беа претседателот на советот на општина Крушево Андреј Николоски и советникот Хибрахим Хурем.

На концертот се изведуваа песните на Тоше од Никола Зацески, Марија Груевска, Денис Димоски, Елена Петреска со поддршка на групите Инвиктус и Мелем. Настанот беше од хуманитарен карактер.

Организатори на настанот се „Play Without Boundaries„ и спомен куќа „Тодор Проески“.