„Пливка“ дружба за прв пат во Крушево

Во сабота, 02.07.2022г., на Крушевско Езеро ќе се одржи „Пливка“ дружба во организација на здружението спортски риболовен клуб „Мрена – 1987“.

Ова е прв ваков настан во Крушево, а од клубот најавуваат награди за најуспешните.

„За прв пат на Крушевското Езеро ќе се одржи ПЛИВКА дружба, организирана од страна на ЗСРК МРЕНА-1987 КРУШЕВО. Дружбата е закажана за 02ри јули, во сабота, а за најдобрите обезбедивме вредни награди од нашите спонзори и медали. Максимален број на пријавени учесници е 25, затоа побрзајте и пријавете се на нашата ревијална “пливка” дружба.Се гледаме на Крушевско Езеро“, стои во најавата за настанот.

Настанот започнува во 7 часот и целосната програма е достапна подолу.