Продолжува реконструкција на улица во центарот на Крушево
Продолжува реконструкција на улица која ги дели улиците Таќа Бербер и Благо Целев, а е директно поврзана со центарот на Крушево.
„Активностите на ЈП „Комуна“ Крушево продолжуваат и денес и работата е во завршна фаза. Оваа улица беше видно оштетена и граѓаните бараа истата да се подобри.“, велат од општина Крушево.
Претходно општина Крушево со Министерство за транспорт и врски ја реконструираше улица Пути Гули со изградба на паркинг.