Со пораки за целосен прекин на штрајкот одбележан патрониот празник на ОУ „Никола Карев“
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски заедно со делегација од ООУ „Никола Карев“ предводена од директорката Оливера Чавкароска положија цвеќе на споменикот на Никола Карев.
Денес се одбележува патрониот празник на крушевското основно училиште, а градоначалникот Христоски повика наставата целосно да се нормализира.
„Денес оддаваме почит на Никола Карев, револуционер и претседател на Крушевската Република, образован човек кој денес е пример за многу од нас. Науката не смее да запре, воспитанието не смее да има ни ден пауза, затоа ги повикувам наставниците да се вратат на работа и целосно да се нормализира наставата. Просветните работници ќе добиваат поголеми плати, а со најновиот договор меѓу Владата и СОНК ќе добијат и регрес за годишен одмор“, порача Христоски.