Пошумување во петок на Крушевско Езеро
Во петок со почеток во 10 часот на Крушевско Езеро ќе се спроведе волонтерска акција за пошумување. Ќе биде опфатен делот покрај новоизградениот пат.
Општина Крушево ги повикува сите граѓани да се вклучат во оваа активност затоа што тоа е најголема општествена одговорност.
“Крушево е наша обврска, ова е местото кое најмногу го сакаме и тука живееме. Затоа, да покажеме свесност и емоција за нашиот град и да се приклучиме на акцијата за пошумување“, повика градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.