11 години од отворањето на спомен куќата „Тодор Проески“
Во духот на хуманоста и музиката се одбележа денот на отворање на спомен куќата „Тодор Проески“. Спомен куќата на Тоше денес е „Куќа на емоции“ затоа што овој објект е најголемото обележје на животот и делото на големата музичка ѕвезда.
На настанот присуствуваа градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и претседателот на советот на општина Крушево Андреј Николоски. Градоначалникот Христоски доби уникатно дело од авторката ЛУНА во рамки на изложбата „Мојот и твојот непребол“.
Во рамки на манифестацијата се доделија 5 ваучери на социјално загрозени семејства, настап на Горан Папаз, отворање на изложба „Мојот и твојот непребол“, и доделување на јубилејни награди.
Спомен куќата на Тоше беше отворена во 2011-та година и е една од најпосетуваните музеи во државата.