„Буџет по мерка“ денес во 12 часот во горната училишна зграда
„Буџет по мерка“ е настан кој се однесува на вклучување на граѓаните во креирање на буџетот на општина Крушево. Настанот ќе се одржи во горната училишна зграда со почеток во 12 часот, денес (26.04.2022).
Општина Крушево како еден од лидерите во буџетската партиципативност ги поканува сите граѓани, бизнис и угостителски сектор да присуствуваат на настанот за да се споделат дополнителни размислувања за унапредување на комуникацијата меѓу граѓаните и локалната самоуправа.
На настанот неколку граѓани на општината ќе ги споделат своите успешни приказни.