Работилница, прошетка низ Крушево и презентација на проект – „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“
Млади од општините од Пелагонија денес се во Крушево на работилница, презентација на проект и прошетка низ градот со професионален водич.
На настанот, дел од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“, се обрати претседателот на советот на општина Крушево Андреј Николоски кој порача дека работењето со младите е задоволство, но и голема одговорност.
„Проектот „ин аут“ кино нека биде еден во редицата на проекти кои ќе бидат реализирани заедно со младите. Младите остануваат најголем интерес на општината и во тоа верувам сите се согласуваме. Оваа поддршка која советот ја дава заедно со Амбасадата на Кралството Холандија е многу мла дел од она што заедно можеме да го направиме со младите.“, рече Николоски во своето обраќање.
На денешните активности присуствува и Н.Е. Амбасадорот на Кралството Холандија во Северна Македонија господинот Роберт Декер. Кралството Холандија е најголемиот финансиер на проектот.
Во рамки на овој проект на последната седница советот донесе одлука за финансиска поддршка на предлогот на младите за „Ин н аут“ кино. Покрај кофинансирањето на општината во износ од 1 000 евра, Амбасадата на Кралството Холандија ќе оддели 2 000 евра за реализацијата.