Градоначалникот на одбележување на денот на артилерискиот батаљон
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на 14.04.2022-ра година присуствуваше на одбележување на денот на артилерискиот батаљон „Мирче Ацев во Прилеп.
По официјалната манифестација градоначалникот порача дека армијата е столб на една држава.
„Имаме одлична соработка, взаемна помош и поддршка во се она што значи општо добро, како и директна помош и поддршка за граѓаните на нашите општини. Батаљонот беше вклучен во гаснење на пожарите кои беснееја во општина Крушево минатата година, директно беа вклучени во превентивно делување и воспоставување на ред со корона вирусот по институциите, акции за пронаоѓање на изгубени лица во планински делови и др.. Ви благодарам на соработката и посветеноста.“, порача градоначалникот Христоски.