Градоначалникот на промоција на нов проект за развој на туризмот
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски присуствуваше на промоција на проектот „Јакнење на соработката меѓу туристичкиот сектор и локалните јавни претпријатија“. Проектот има за цел да ја зајакне соработката меѓу засегнатите страни за создавање подобра туристичка дестинација.
„Важно е сите да придонесуваме во заштита на животната средина, тоа е најголем предуслов за развој на туризмот, затоа драго ми е што денес тука сме ние, комуналното претпријатие и други засегнати страни. Морам да најавам дека активно работиме и во Крушево за прв пат ќе се одржи бизнис саем, а оваа година ја посветуваме на привлекување домашни и странски инвестиции. Колку за пример, веќе започна реализацијата за изградба на фотоволтаични електрани.“, изјави градоначалникот Христоски на работилницата.
Проектот ќе работи и на едукација на граѓаните за заштита на животната средина, поконкретно подобро справување со отпадот и активна соработка на ова поле.
Проектот е финансиран во рамки на Цивика Мобилитас и имплементиран од Здружение за туризам и угостителство Крушево.