Млади од 6 земји во посета на Крушево, проект на Еразмус+

Учесници од 6 држави во рамки на Еразмус+ проект ја посетија општина Крушево каде што разговараа со советничката во советот на општина Крушево Александра Тирчоска.

Средбата беше со цел гостите да се запознаат со работата на општина Крушево, да добијат информации за развојот на приватниот сектор и состојбата со младите во општината.

Советничката Тирчоска даде краток вовед со објаснување на кратка историја на Крушево и одговараше на прашања на младите по однос на младински политики во Крушево, како се одвива зимската и летната сезона и со каков потенцијал за инвестирање располага општина Крушево.

Посетата на млади од Северна Македонија, Грција, Хрватска, Италија, Полска и Романија е во рамки на проектот „Млади онлајн претприемачи“ и во Крушево престојуваат од 8-ми до 15-ти април.