Крушево ќе добие „ин аут“ кино, иницијатива на младите
На денешната 10-та седница на советот на општина Крушево се донесе одлука за кофинансирање на проектот за оспособување на т.н. „ин аут“ (In Out) кино во СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево.
Иницијативата за оспособување на едно вакво кино доаѓа од СОУ „Наум Наумовски Борче“, неформална група на млади од Крушево и организацијата Младински Сојуз – Крушево, а се спроведува во рамки на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“. Амбасадата на Кралството Холандија ќе учествува во проектот со 2 000 евра, додека финансирањето од општина Крушево е 1 000 евра.
„Ги слушаме барањата на младите и драго ми е што покажуваат креативност и сакаат да го подобрат своето секојдневие со повеќе содржини и неформално образование. Советот ќе ја кофинансира реализацијата на оваа иницијатива и благодарам до советниците за поддршката.“, изјави претседателот на советот на општина Крушево Андреј Николоски.
Иницијативата за оспособување на кино е дел од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ имплементиран од Граѓанската асоцијација за унапредување на развојните процеси „Про Локал“ во партнерство со општина Крушево и финансиран од Амбасадата на Кралство Холандија.