Општина Крушево ќе оттуѓува возила, штедење во време на криза
Општина Крушево ќе оттуѓува дел од постарите возила со цел заштеда во време на криза.
На 10-тата седница на советот на општина Крушево се донесе одлука за оттуѓување на 3 возила во сопственост на локалната самоуправа.
„Со оваа одлука ќе заштедиме дополнителни средства во буџетот на општина Крушево. Не се работи за големи суми, но сепак во време на криза дополнително се осврнуваме кон штедење.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Општина Крушево своето работење го заснова на паметно менаџирање и штедење, вели градоначалникот Христоски, за да може средствата да се насочат онаму каде што најмногу е потребно во одреден момент.