Реализирани проекти во 2021 – патишта, водоводи, туризам, млади
Општина Крушево во 2021 година реализира повеќе од 20 проекти, а во тек се уште десетина проекти чија реализација ќе заврши во 2022-ра година.
„Во годината што изминува реализиравме многу важни проекти. Водоснабдување, патишта, канализации, проекти во туризмот, проекти посветени на млади, социјални групи и друго. Благодарение на завршените проекти и оние кои се започнати достигнавме сума од 7 милиони евра во проекти за 4 години во Крушево.“, вели градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Најважното од се, според градоначалникот Христоски, се двете инвестиции во изградба на фотоволтаични електрани и изградба на термоелектрани.
„Општината истовремено се справуваше со коронавирусот кој беше голем предизвик и во 2020-та и оваа 2021-ва. Но, граѓаните очекуваат проекти затоа што мора да се продолжи со реализација, решавање на проблеми и одговор на барања. Затоа, водевме битка на два фронта и мислам дека успеваме. Важно е, заедно да продолжиме“, потенцира градоначалникот на општина Крушево.
Реализирани проекти во 2021
Во 2021 година се обезбедија две инвестиции во Крушево:
- Изградба на фотоволтаични електрани
- Инвестиција во изградба на термо електрани
Во 2021-ва со гасификација и опремување на теретана се заокружи проектот за реконструкција и проширување на намената на спортската сала.
Се оспособија сала за театар и кино и просторија за советот со опрема за пренесување на седниците во живо. Горната училишна зграда е пред технички прием.
Во викенд зоната „Езеро“ се постави осветлување кое го направи ова место популарно и во вечерните часови, а со финансиска и логистичка поддршка на Халкабанка АД Скопје и НЛБ банка АД Скопје се реконструираше малиот мост и изврши промена на оградата на браната заедно со изградба на пристапна патека. Со Халкбанка се обезбеди и училиштен прибор за првачињата.
Се санираа над 2 километри локални улици, а нов асфалт добија:
- Платото на Гумење
- Главната сообраќајница
- Ќиро Фетак
- Партизанска
- Во тек е дел од ул. Питу Гули
- Во тек е процедура за реконструкција на патот Врбоец – Св. Митрани – Кривогаштани
Во 2021-ва година продолжи опремување на ТППЕ Крушево и со тоа подобрување на услугите кон граѓаните. Се реконструира просторијата на Единицата и заградата во која е сместена доби нов лик. Општина набави нова опрема, а во тек е обезбедување на дополнителна заштитна опрема за вработените.
Во населените места се работеше на улици во Борино, а во ова населено место се реновира училиштето. Во Јакреново при крај е целосно имплементирање на проектот за водоснабдување. На изградба на резервоар во завршна фаза и во Пресил.
Отпочната е постапка за реконструкција и доградба на училиштата во Бучин и Пресил, а се подготвува техничка документација за училиштата во Алданци и Врбоец. Во областа на образованието тековно се работи на реконструкција на фискултурната сала во ООУ „Никола Карев“ Крушево и целосна промена на кровната конструкција.
Последните два месеци од 2021-ва донесеа нов проект со општина Елбасан од Албанија во областа на туризмот. Проектот изнесува над 700 илјади евра и вклучува:
- Изградба на паркинг до полетувалиштето
- Поставување на две мерни станици
- Оспособување на патека за „даунхил“ (планински велосипедизам)
- ЛЕД осветлување
Владата донесе одлука за набавка на камион за отпад и теренско возило за ЈП „Комуна“ Крушево.
„Наредната 2022-ра година продолжуваме со работа на патната инфраструктура, образованието и туризмот. Тековните проекти и најавите за нови покажуваат дека сме посветени и продолжуваме да ја градиме општината по патот на развојот. Во 2022-ра реконструкција на училишта во населените места, реконструкција локални патишта, набавка на опрема за Комуна и ТППЕ, подобрување на понудата во туризмот. Ова е нашиот фокус.“, заклучи градоначалникот Томе Христоски.