Пакетчиња за учениците од ОУ „Никола Карев“
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и директорката на ООУ „Никола Карев“ Крушево Оливера Чавкароска доделија пакетчиња за учениците. Новогодишните пакетчиња се донација од здружението „Биди хуман, биди човек, подади рака“
„И оваа година благодарение на општествено одговорни субјекти доделуваме пакетчиња во ООУ „Никола Карев“. Ова е мала радост за најмладите, но драго ни е што можеме повторно да предизвикаме насмевка на лицата од учениците“, изјави градоначалникот на општина Крушево.