Крушево добива теретана, набавена и машина за подно чистење
Започна опремувањето на теретана во спортската сала во Крушево, а набавена е и машина за чистење на подот.
„Оспособување на теретана е едно од најголемите барања на младите затоа што во Крушево нема јавно достапна фитнес сала. Со ова, младите ќе имаат опремен простор за практикување здрав живот, а со машината за подно чистење ќе обезбедиме професионално одржување на подот во салата и обезбедување на долгорочност. Околу спортската сала не очекуваат уште проекти и активности, за овој објект да биде еден од централните за спортски настани и оспособени за професионални спортови и рекреација.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Од вчера реквизитите и елементите се доставуваат во спортската сала и за скоро ќе се започне со инсталација на истите.
Опремувањето на теретана и набавка на машина за подно чистење е во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност, пот проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашања и општина Крушево.