Крушево продолжува со меѓународна промоција
И оваа година општина Крушево се најде во публикацијата на Издавачката куќа Балканика. Засега изданието е во електронска верзија, а ќе биде објавено и посебно печатено издание.
Презентацијата можете да ја погледнете на следниот линк.
Печатеното издание „Business Directory of North Macedonia“ (Бизнис адресар на Северна Македонија) , кое на 6 страници содржи презентација на општина Крушево, односно бизнис можностите и најважните информации за градот, ќе биде распределено во Амбасади и дипломатски преставништва ширум Европа.
„Ова е уште една одлична промоција на Крушево на меѓународно ниво. Минатата година „онлајн“ презентацијата беше прегледана од над 50 000 луѓе, а годинава очекуваме надополнетата презентација да привлече уште поголемо внимание.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.