Да се отстранат проблемите со водоводната мрежа на домаќинствата покрај главната улица

Почитувани,

Општина Крушево апелира до граѓаните кои живеат покрај главната сообраќајница доколку имаат одредени проблеми со водоводната мрежа да ги решат што е можно побрзо заради асфалтирање на патот.

Заеднички интерес е проблемите да се надминат пред новиот асфалт да биде поставен на главната улица во Крушево со цел да се избегне дополнително интервенирање во новиот слој на патот.

Благодариме на разбирањето.

Со почит,
Општина Крушево.