ЈАВЕН ПОВИК За распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Крушево за 2020 година за здруженија и фондации од Општина Крушево

Врз основа на донесената Методологија за определување на критериуми за доделување на финансиска поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на општина Крушево („Службен гласник  на Општина Крушево „ бр.12/2018),  Градоначалникот на општина Крушево објавува

ЈАВЕН ПОВИК

За распределба на финансиски средства од Буџетот  на Општина Крушево за  2020 година за здруженија и фондации од Општина Крушево.

Јавниот повик се распишува за доделување на финансиски средства предвидени во Ставката 463 –  Трансфер до невладини организации oд Буџетот на Општина Крушево за 2020 година. Вкупниот износ на средства од Ставката 463 изнесува 530 000,00 ден. и тоа за потпрограмите 463110 – трансфери до Здруженија на граѓани и фондации износот е 130 000,00 денари и за потпрограмата 463120 трансфер до спортски клубови 400 000,00 денари. Средствата на Здруженијата на граѓани и фондациите ќе се доделат еднократно, додека на спортските клубови ќе се доделат двократно.

Право на учество

Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Крушево. Резултатите од спроведените проекти/програми ќе бидат остварени во општина Крушево.   

Основни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:

-корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации;

-корисниците да имаат седиште во Општина Крушево;

-да се регистрирани најмалку три месеци пред датумот на ојавувањето на повикот

-активностите задолжително да се одвиваат на територијата на Општина Крушево

Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:

Предложените цели и активности од Годишните програми да кореспондираат со Стратешките – развојни документи на Општина Крушево

– Доделените средства да се користат исклучително за покривање на директните трошоци, односно за реализација на активности предвидени во годишната програма.

Времетраење

Предвидениот период за реализација на активности да биде заклучно со 31 декември 2020 година со евентуално барање за продолжување на истите заради оправдани причини.

Потребна документација која Здружението или Фондацијата треба да ги достави кон Пријавата.

Покрај пријавата за финансиска поддршка, Здружението или фондацијата која треба да биде пополнета  со печатни букви во кирилско писмо, потпишана од застапникот, заверена со печат и штембил, Здружението или Фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози:

1. Пополнета „Пријава“ која може да се симне од веб страницата на Општина Крушево

2. Годишна програма за работа за 2020 година

3. Копија од Решението за упис во регистарот на Здруженија и Фондации,

4. Профил на организацијата со референтна листа на досега реализирани проекти

5. Извештај за добиените средства од Општина Крушево во  изминатата фискална година и начинот на нивната реализација.

6. CV (кратка биографија) на главниот вклучен персонал

7. Меморандум за соработка помеѓу партнерите

Јавниот повик е објавен на Огласна табла на Општина Крушево и на Веб страната

www.krusevo.gov.mk

Датум на објавување на јавниот повик: 03 февруари 2020 год.

Краен рок за доставување на пријавите: 03 март 2020 год.

Потребната документација можи да ја подигнете од Општина Крушево или да ја симнете од објавата на Јавниот повик на интернет страната на Општина Крушево.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:

Општина Крушево – Одделение за локален економски развој

Ул.„Никола Ѓурковиќ“Бр. 16а

Крушево

На пликот во горниот лев агол треба да стои „Не отворај“, а во долниот десен агол „За јавен повик по Ставка 463 -Трансфер до Невладини организации“

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.

Здруженијата или Фондациите учеснички на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од  15 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општината Крушево за 2020 година, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија и фондации.

Лице за контакт:

Кире Аврамоски

Самостоен референт во Одделение за ЛЕР/Општина Крушево

Тел:++389 78 838 329

mail: kire.avramoski@krusevo.gov.mk

       ОПШТИНА КРУШЕВО

                                                                                                                   ГРАДОНАЧАЛНИК                                                                                                                    м-р Томе Христоски