Два тендери: Набавка на јаловина и вештачка трева за игралиштето на Струнга
Општина Крушево објавува два нови тендери:
- Оглас за јавна набавка на јаловина, и
- Оглас за јавна набавка и монтажа на вештачка трева за игралиште на Струнга.
Со набавката на дробен каменит материјал 0-30 мм јаловина општината ќе биде подготвена да продолжи со тампонирање на површини во дел од населените места. Тампонирањето беше едно од барањата на жителите на населените места во општина Крушево при анкетите кои се правеа од страна на вработени во локалната самоуправа.
Во однос на огласот за набавка и монтажа на вештачка трева за игралиштето кое веќе е поставено во крушевското маало „Струнга“ со оваа активност ќе се доуреди, оспособи ова игралиште и истото ќе биде достапно за младите.
Покрај овие два тендери во тек се уште два:
- Изработка на основен проект за поставување на систем за греење и ладење во спортската сала,
- Сукцесивна набавка за вршење на геодетски услуги за потребите на општина Крушево за период од 12 месеци.
Сите огласи за јавни набавки можете да ги погледнете на следниот линк: https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/notices