Заврши турнирот во мал фудбал, победник екипата од Бучин
Вчера (03.08.2019) заврши турнирот во мал фудбал „Илинден 2019“ година, а шампион е екипата на ФК „Бучин“. Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ги додели наградите на првите три пласирани екипи како и пехари за најдобар стрелец, најдобар голман и фер плеј екипа.
Во финалниот натпревар, кој се одигра вчера со почеток во 19 часот, вториот финалист и освојувач на втората награда од 20 000 денари беше екипат на Вила Микена, а во дуелот за трето место екипата на Борусија Дортмунд издвојува победа над ФК Црнилиште.
За најдобар стрелец е избран Јованчо Бубаќоски од Питу Гули Импресо, за најдобар голман Бојан Вурмески и фер плеј екипа Алданци.
На турнирот кој траеше од 15 јули учествуваа 12 екипи од повеќе соседни општини.