Попис 2020 Win-Win, продолжува 4-от ден од „Десет дена Крушевска Република“
Во рамки на 4-от ден од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ во хотел Панорама Спа се одржа трибина на тема „Попис 2020 Win – Win“, како дел од денот за одбележување на влашката култура и традиција.
Говорници на трибината беа Претседателот на Демократски сојуз на Власите Николче Бабовски, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и поранешниот директор на Заводот Дончо Герасимовски, а трибината ја водеше Никола Оџаклиески.
Директорот на Заводот за статистика пред присутните презентира како ќе се спроведе пописот во државата, а останатите говорници потенцираа на важноста од спроведување на овој процес. По излагањето на говорниците следеше дебата со присутните.
Во рамки на денешниот ден претстои промоција на книга на Иван Андрески во 17:30 часот во храмот Св. Јован, промоција на ЦД со влашки песни еден час подоцна на истата локација, а во вечерните часови од 20:30 часот во центарот на Крушево музичка претстава.