Со оддавање почит кон бегалците од Унгарија започна 3-от ден од „Десет дена Крушевска Република“
Започна унгарскиот дел од програмата во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ со полагање на цвеќе во чест на унгарските бегалци кои престојувале во Крушево во 1956 година и со кратка културна програма, а официјално беше отворен кампот кој Унгарската амбасада го организира традиционално секоја година во Крушево.
На настанот покрај градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски присуствуваа и градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски, Амбасадорот на Унгарија Н.Е. Ласло Истван Дукс и претставници на здруженија и институции од Србија, Унгарија и други.
Во рамки на овој ден ќе се одржи промоцијата на книга „Под пазувите на коријата“ на профеорот Никола Јованоски, а во вечерните часови музичка програма во центарот на Крушево.