Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на отворањето на „Десет дена Крушевска Република“
Во вчерашното интервју на 1тв градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски најави дека овогодинешната Манифестација НКС „Десет дена Крушевска Република“ ќе ја отворат Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ. Меѓу другото, на настапот ќе се изведуваат песни од албумот на Влатко Стефановски насловен како „Крушево“.
Од Манифестацијата преку социјалните мрежи најавија дека во периодот што следи детално ќе се презентира програмата за секој ден и потенцираат дека овогодинешното издание ќе биде побогато.
Минатата година во периодот кога се одржува Манифестацијата забележан е раст во бројот на посетители од речиси 30 отсто, а градоначалникот на општина Крушево очекува во 2019 бројките да растат.
„Минатата година Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ привлече 30 отсто повеќе посетители во споредба со 2017 година, а оваа година очекуваме бројката дополнително да расте благодарение на збогатената програма, придонесот на членовите на Советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“ и промоцијата која што ја правиме.“, порача градоначалникот на општина Крушево.