Хрватската РТЛ направи прилог за Крушево и производството на масло од канабис

Хрватската телевизија РТЛ објави сторија за производство на масло од канабис во фабриката „5 Летер“ во Крушево, а градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски со своја изјава се осврна на значењето од фабриката.

„Нам ни е важна локалната економија, да се развива Крушево и важно е што многу млади луѓе кои беа невработени најдоа работа тука“, изјави градоначалникот Христоски за хрватската телевизија.

Дел од сторијата беа претставници од компанијата „5 Летер“ кои зборуваа за развојот на оваа компанија и генерално за отворањето на оваа фабрика која е вистинска реткост во државата.

Целиот текст прочитајте го на следниот линк: https://vijesti.rtl.hr/potraga/3519311/procvjetao-biznis-posjetili-smo-najmoderniju-plantazu-zelenog-zlata-cvjetovima-i-uljem-opskrbljivat-ce-cijeli-svijet/