Цветови за полуматурантките и желби за успех за сите полуматуранти од Крушево
На свечениот собир на полуматурантите вчера (07.06.2019) градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и директорката на ООУ „Никола Карев“ на девојките полуматурантки им врзаа импровизирани цветови околу нивните раце како симбол на нивната младост, успехот што го постигнале и убавината.
„На сите полуматуранти им посакувам успех понатаму, а Крушево веќе се гордее со нив“, честита градоначалникот.
Полуматурантите традиционално се собраа на градскиот плоштад „Никола Мартиновски“ каде што покрај цветовите наздравија за успехот и потоа се упатија на забава во хотел Монтана Палас.