Градоначалникот Христоски го отвори Фестивалот на непрофесионален филм, општината наградена за придонесот
Градоначалникот на општина Крушево вчера (07.06.2019) го отвори 48-от Државен фестивал на непрофесионален филм и додели неколку награди.
Исто така градоначалникот Христоски доби награда во име на општина Крушево, како еден од организаторите на настанот.
„Драго ми е што вакви и слични настани се одржуваат во Крушево затоа што Крушево е град на култура, историја и традиција, но и заради тоа што со овие настани се привлекуваат туристи во нашиот град. На сите учесници и оние кои освоиле награда им честитам и ве поканувам повторно да дојдете во Крушево“, порача градоначалникот на општина Крушево.
Во конкуренција беа 18 краткометражни филмови, а најдобрите ќе учествуваат на меѓународни натпревари како претставници на Република Северна Македонија.